Прејди на содржината

Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
слободната енциклопедија

Eнциклопедија што може секој да ја уредува. Моментално има вкупно 163.309 статии на македонски јазик и 281 активни уредници!
Напишете нова статија!

Избрана статија

Александар Ончев Мартулков, познат по псевдонимот Бизмаркмакедонски револуционер и политичар. Меѓу првите пропагатори на социјализмот во Македонија. Деец на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание. Член и раководител на ВМРО (Обединета) во 1930-тите.

Роден во сиромашно работничко семејство, стекнал више образование во Скопското педагошко училиште. Во 1894 година се приклучил во социјалистичкото движење со поттик од Васил Главинов. Како член на Македонската социјалистичка група, учествувал во првото празнување на ден на трудот во Бугарија. Во 1900-тите соработувал со Велешкиот револуционерен реон и Иван Аљабакот. Во 1906 година се преселил во Софија каде се приклучил во Бугарската комунистичка партија. Учествувал во политичкото управување на Македонија по Младотурската револуција.

За време на Првата светска војна, го основал Комитетот на дезертери каде префрлил македонски борци од српската војска во Царството Бугарија. Во текот на војната бил секретар на Општина Оморани и подоцна чиновник во Косово и Метохија. По војната се приклучил во Емигрантскиот комунистички сојуз и Велешкото благотворително братство „Рајко Жинзифов“. Во 1931 година бил одбран за пратеник во народното собрание на Бугарија, заедно со Христо Трајков. Во 1932 година почнал со издавањето на весникот „Македонско знаме, следната година доживеал неуспешен обид на атентат од Михајловистите. На 8 јули 1936 година, го осудиле Мартуков заедно со останатите членови на ЦК на ВМРО (Обединета).

Учествувал во Народноослободителната борба. Во 1944 година се приклучил во Президиумот на АСНОМ и подоцна во народното собрание на НР Македонија. Помогнал со спроведување на Илинденската пензија и подоцна доделување на Илинденската споменица. Во 1954 година ги објавил неговите спомени насловени Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Во текот на 1960-тите, Лазар Колишевски го изолирал Мартулков од секојдневните политички функции. Незадоволен со режимот, се преселил во Народна Република Бугарија каде починал. (Дознајте повеќе...)

На денешен ден...

Денес е 1 август 2026 година и издвоени настанати од времепловот се:

Настани:

30 п.н.е.  Октавијан (подоцна познат како Август) ја освоил Александрија во Египет.
527  Јустинијан I станал самостоен владетел на Византиското Царство.
1291  Со потпишувањето на Федералната повелба, основана е Швајцарската Конфедерација.
1492  Фернандо II Арагонски и Изабела I Кастиљска ги протерале Евреите од Шпанија.
1498  Кристофер Колумбо станува првиот Европеец што ја посетува Венецуела.
1834  Ропството е укинато во Велика Британија.
1902  САД ги откупиле правата на Панамскиот Канал од Франција.
1944  Ана Франк го пишува последниот запис во својот „Дневник“.
1960  Исламабад е прогласен за главен град на Пакистан.
1981  Во 12:15 ч. напладне, спотот за песната Video Killed The Radio Star („Спотот ја уби радиоѕвездата“) од Баглс станува првиот спот емитуван на MTV, една од најпознатите телевизии посветени на музиката и современата поп-култура.
2012  Пуштена во погон хидроелектранатаСвета Петка“ на реката Треска.

Родени:

1744  Жан Батист Ламарк — француски природнонаучник и филозоф.
1815  Ричард Хенри Дана — американски писател и адвокат.
1819  Херман Мелвиламерикански писател, есеист и поет.
1893  Александар — крал на Грција.
1899  Џими Ејнџел — американски воздухопловец.
1919  Димко Најдов — македонски револуционер.
1933  Ко Ун — јужнокорејски поет, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
1941  Натали Делон — француска глумица.
1942  Џери Гарсија — американски рок-музичар, член на групата Грејтфул дед (Grateful Dead).
1952  Зоран Ѓинѓиќпремиер на Србија.
1953  Богдан Диклиќ — српски глумец.
1953  Роберт Креј — американски блуз-музичар.
1954  Тревор Бербик — јамајски и канадски боксер.
1960  Чак Д — американски рапер, член на групата Паблик енеми (Public Enemy).
1960  Професор Гриф — американски рапер, член на групата Паблик енеми.
1961  Дани Блинд — холандски фудбалер и тренер.
1963  Кулио — американски рапер.
1965  Сем Мендес — англиски режисер.
1967  Нехат Беќири — македонски сликар.
1976  Нванкво Кану — нигериски фудбалер.
1984  Бастијан Швајнштајгергермански фудбалер.
1984  Франческо Гаваци — италијански велосипедист.
1987  Јаго Аспас — шпански фудбалер.
1988  Немања Матиќ — српски фудбалер.
1993  Маријано Дијас — шпанско-доминикански фудбалер.
1994  Доменико Берарди — италијански фудбалер.
1999  Кристоф Баумгартнер — австриски фудбалер.

Починале:

1137  Луј VI Дебелиот — крал на Франција.
1402  Едмунд — прв Војвода од Јорк.
1464  Козимо де Медичи — владетел на Фиренца.
1911  Едвин Остин Абел — американски уметник.
1944  Климе Кордоски — македонски борец.
1966  Чарлс Витмен — американски масовен убиец.
1967  Ричард Канавстриски хемичар и Нобелов лауреат.
1968  Мито Хаџивасилев - Јасминмакедонски револуционер — новинар и публицист.
1990  Греам Јангбритански сериски убиец, попознат како „Чајниот трујач“.
1997  Свјатослав Рихтер — руски пијанист.
2001  Рахим Беќири — член на ОНА.
2005  Фад бин Абдул Азис — крал на Саудиска Арабија.
Издвоен цитат

„Животот е една голема угорница, а уште поголема удолница по која трчаме. Цел живот трчаме за да го откриеме нејзиниот крај, нејзиниот газер, кај што ќе заврши и нашето талкање. Нашето постојано паѓање“.
— „Пиреј“, Петре М. Андреевски, 1980 год.

Слика на денот

Таваница во дворецот Палацо Пити, Фиренца.
Дали сте знаеле...


Модус, медијана и средина
Модус, медијана и средина


Што е Википедија?

Изданијата на Википедија се места каде многу различни доброволци работат заедно за да напишат енциклопедии на различни јазици. Овој проект претставува енциклопедија на македонски јазик и моментално има 163.309 енциклопедиски статии. Целата нејзина содржина е лесно достапна и слободна за употреба. Нашата мисија е да го собереме целото човеково знаење на македонски јазик — знаење кое е бесплатно, слободно и лесно пристапно за секого.

Сакате заедно да ја оствариме целта?
Најпрво, започнете со нашиот вовед!

Заедница
Селска чешма — главно место за разговор поврзан со Википедија. Селската чешма е место каде што можете да поставувате прашања, решавате проблеми, да пом��гнете на заедницата и заедно да ја развиваме енциклопедијата.
Портал на заедницата — збирно место поврзано со тематски проекти. Тука може да најдете тематски портали од различни области, каде може да придонесувате и да ја збогатувате Википедија.
Викисредби — можност за дружење, размена на идеи и предлози за развојот на Википедија - во живо!
Тековни настани — бидете во тек со развојните настани на Википедија. Следете го развојот на најголемата енциклопедија во светот!
Повеќејазичност — слободната енциклопедија е достапна и на голем број други јазици, освен македонскиот. Истражете ја и на друг јазик!
Братски проекти

Фондацијата Викимедија е непрофитна организација која, покрај Википедија, опфаќа и други проекти:

Ризница — складиште на мултимедијални содржини
Викиизвор — збирка на дела и книги
Викивести — вести од светот
Викиречник — повеќејазичен речник и лексикон
Викицитат — збирка на цитати
Викикниги — збирка на учебници и прирачници
Викивидови — именик на видови
Викиуниверзитет — збирка на материјали и активности за учење
Мета-вики — усогласување на проектот „Викимедија“
Википодатоци— база на слободни знаења
Википатување — туристички водич